Рускиот претседател Владимир Путин на сегашните лидери на само три европски земји им ги честитал Новата година и Божиќ, се наведува во објавата на веб-страницата на Кремљ.
Поточно, српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан ги примија честитките на рускиот лидер, пишува info24.ru, а пренесува Индекс.
Словачкиот премиер Роберт Фицо не се споменува во листата на лидери на кои Путин му честитал, објавена на веб-страницата на Кремљ.
Сепак, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за агенцијата ТАСС изјави дека Путин „исто така му честитал“ на шефот на словачката влада.
Како и во текот на 2022-2023 година, рускиот лидер не им ги честиташе зимските празници на шефовите на „непријателските“ земји.
Сепак, честитки примија претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, претседателот на Венецуела Николас Мадуро, индискиот премиер Нарендра Моди и други.