More

    Само Србите секогаш изгледаат како терористи во очите на меѓународната заедница, реагираше Вучиќ

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата за крвавиот судир во косовското село Бањска ја спомна и Македонија во контекст на, според него, двојните аршини на меѓународната заедница.

    – Кога имаше таков вид судир во Македонија, светот го запираше, правеше разговори и договори. Денеска рекоа: „Убијте ги сите“. Кога Србија отиде во Дреница да се справи со оние кои сакаа да се отцепат од меѓународно признатата држава, тие велеа дека се борци за слобода на чело со Јашари, а не терористи. Само Србите секогаш изгледаат како терористи – рече Вучиќ.

    Тоа за нас е лекција да знаеме со кого си имаме работа и да знаеме што мислат за нас, додаде српскиот претседател.

    – Денеска можевте да ги слушнете како ја обвинуваат Србија и тоа доволно говори за тоа кои се нивните намери, од Рот (Михаел, германски пратеник и ексминистер за Европа – н.з.) до Фелингер (Гинтер, основач на невладината организација Европски комитет за проширување на НАТО), кој повикува да го бомбардираат Белград – додаде шефот на српската држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img