Само лани 356 Руси добиле бугарски пасош

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош. Ова го посочуваат податоците на Комисијата за бугарско државјанство до претседателот, пишува бугарскиот портал Сега.

Минатата година 356 Руси зеле бугарско државјанство, покажува последниот извештај на Комисијата. Меѓутоа, војната што Русија ја започна во Украина не влијаела на досегашните трендови.
Имено, во 2021 година, 479 граѓани на Руската Федерација добиле бугарски пасош, што им ги отвора вратите за ЕУ. Една година претходно нивниот број бил 485.

Русите се само на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство во текот на минатата година. Повторно на врвот на табелата се Македонците со 1.992 добиени пасоши. На второ место се Украинците – 1.639, потоа Турците – 1.290, Србите – 556 и Албанците – 517.

Пред Русите се и Молдавците со 476 добиени пасоши.

Share This Article