Само една од 10 гранати од 120 милиметри кои ги произведува Украина во последните три недели е исправна и експлодира на фронтот, се жалат украинските војници, пишува Политико. Украинската власт започна истрага за случајот откако новинарот Јури Бутусов, уредник на порталот Ценсор објави снимка од војник кој се обидува да испука една од неисправните гранати.
Бутусов претходно овој месец рече дека многу гранати од примената пратка не можеле да прелетаат повеќе од 50 метри.
„Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат на можен лош квалитет на полнење со барут или прекршување на условите за складирање на муниција, што доведе до оштетување на гранатите“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Украина.