Само 453 лица со „Блгарска самосвест“ од земјава со право на глас излегле на бугарските парламентарни избори кои се одржаа вчера. Ова иако уште нема конечни резултати и во тек е пребројувањето се информации според податоците на Централната извбрна коммиција.Од Охрид немаше пријавено ниту едено лице за гласање , што преставува сериозен удар на бугарската асимилаторна политика врз Македонија.Според овие податоци, најмногу се гласало во Скопје каде граѓанското право го искористиле 185 лица. Потоа во Струмица со 64 гласачи, Битола – 55, Прилеп – 39, Кавадарци – 36 и Тетово – осум лица.
Според податоците до 7 часот утринава, во водството е партијата на Бојко Борисов со нецели два отсто од гласовите пред партијата „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков. Нејасно е во моментов дали се можни изненадувања и промена на местата во текот на денот кога треба да бидат обработени 100 отсто од гласачките места.