Само 344 луѓе во Македонија се идентификувале како Југословени на пописот од 2021 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Само 344 луѓе во Македонија се идентификувале како Југословени на пописот од 2021 година, додека од поранешните републики најмногу Југословени има во Србија, дури 27.143 граѓани, според попис одржан во 2022 година, пишува порталот Н1.

Всушност, бројот на Југословени во Србија се зголемил за речиси 4.000 лица од пописот во 2011 година кога се пријавиле 23.303 лица.

Во Црна Гора бројот на овие лица се намалувал. Во 1981 година имало 31.243 декларирани Југословени, во 1991 година 26.159, во 2003 година 1.860, а во 2011 година 1.154.

Во Словенија во 2002 година имало 527 Југословени, додека во 1981 година имало 25.615.

Бројот на Југословени се намалувал и во другите републики. Во Босна и Херцеговина на последниот попис од 2013 година, за Југословени се изјасниле з2.570 лица од вкупно 3,53 милиони жители. За споредба во 1981 година за Југословени во БиХ се запишале 333.468 граѓани.

Во само една земја бројот на Југословени растел, а тоа е Хрватска. Од 176 Југословени во 2001 година, во 2011 година веќе имало 331, за на последниот попис во 2021 година за Југословени да се декларираат 942 граѓани.

Share This Article