Само 16 средношколци се пријавиле во првиот уписен рок на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност и култура на УКИМ. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а еден вонреден студент е запишан на отсекот за книжевност.
На овие две насоки на Филолошкиот факултет, според објавениот конкурс за претстојната академска година, беа предвидени места за упис на 190 студенти.
Според конкурсот за упис на студенти на УКИМ има уште два уписни рока, па има можност бројката да се зголеми.
Појавата на мал број суденти на овие студиски групи е присутна повеќе години наназад, а причините за ваквата состојба се отворањето студиски групи и на други Уницерзитети во земјава, но и намалената можност за вработување.
Лани на овие групи се запишале 20 студенти.
Се очекува со донесување на законот за употреба на македоснкиот јазик да ја промени состојбата на подобро бидејќи се планира сите институции да имаат лектори.