Само 0,7% од комуналниот отпад се рециклира

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Само 30% од општините ја исполнуваат обврската да доставуваат извештаи за состојбата со комуналниот отпад. На ниво на државата, за 13 години количината на комунален отпад се зголеми за околу 30%. Во земјава официјално има околу 1.000 диви депонии, неофицијално бројот е двојно поголем, пишува Порталб.

Ресорното министерство веќе мапираше регионални локации како база за складирање на отпад и утврди дека состојбата е алармантна.

За само десет години, од 2011 до 2021 количината на отпад од пакување (што е еден од најдоминантните) е зголемена за цели 5 пати – се наведува во новиот Извештај за животната средина 2022 на Министерството за животна средина. Алармантни се податоците дека дури и до 31% од комуналниот отпад завршува на диви депонии.

„Од 19% до 31% од комуналниот отпад се отстранува на неконтролирани депонии, додека од 69% до 81% на контролирани депонии“ – се наведува во извештајот.

Загрижувачки се и податоците за ниското ниво на рециклирање на комуналниот отпад кој преку овој процес може да се претвори во ресурс. Заклучно со 2013-та стапката на рециклирање била 0,18%, а од 2014 се искачил на 0,48%, каде и се задржала неколку години.

– Во претпоследните две години стапката се намали и изнесува 0,2%, речиси исто колку што изнесува и во соседството односно во Србија (0,3%), но е далеку од европскиот просек кој изнесува околу 46% во 2017 година. Во 2021 има делумен пад во процентот на рециклирање на комуналниот отпад кој изнесува 0,7% – покажуваат податоците од ресорното министерство.

Пооптимистички се параметрите за рециклирање на отпад од пакување. Помалку од половина или 40,9% се рециклира, највисок процент кај хартијата, потоа стаклото, металот, пластиката а најнизок процент на рециклирање има кај дрвото.

Далеку сме од целта се оценува во извештајот кога се работи за комуналниот отпад, но и за опасниот отпад. Количината на овој вид на отпад се менува на годишно ниво, но според анализата на министерството, намалувањата во одредени периоди се поради тоа што некои од компаниите не доставиле извештаи за создадената количина на опасен отпад.

„Во 2021 година 154 деловни субјекти доставиле извештај за видот и количината на опасниот отпад кој го создаваат. Напоменуваме дека последната година постои благ пораст како на количината како и на бројот на фирми кои доставиле извештај, но укажуваме дека постои проблем во однос на можност од несоодветна класификација на отпадот како опасен отпад, поради отсуство на познавање на составот на отпад и негова верификација од надлежна лабораторија“ – нотираат од министерството.

- Advertisement -
Ad image

Каде и како завршува опасниот отпад? Фирмите пријавиле дека од 66% до 97% од овој вид отпад времено се складира, а преработката изнесува само 5%.

За 10 години, од 2011 до 2021 количината на медицинскиот отпад е зголемена за дури 6 пати достигнувајќи количина од 1.208,86 тони предаден отпад за понатамошно постапување, неутрализирање и уништување.

„Од ова може да се заклучи дека се зголемил и бројот на создавачите на опасен медицински отпад, кои согласно регулативата во областа на управување со медицински отпад се обврзани да доставуваат еднаш годишно извештај за постапување со отпадот“ – се наведува во извештајот со нотирање дека најголем удел во овој тип на опасен отпад има инфективниот отпад.

- Advertisement -
Ad image

Треба да се нагласи дека прикажаните количини на отпад не претставуваат и вкупни количини на создаден медицински отпад на ниво на државата.

Поради ваквата состојба се препорачува да се подобри управувањето со медицински отпад, кое подразбира подобра сепарација на различни фракции на медицински отпад со соодветни системи за собирање, транспорт, третман и финално отстранување.

Извештајот за животна средина е влезен во собраниска процедура за усвојување. Министерството за животна средина мапираше локации во повеќе региони за складирање на отпад. Во тек се разговори со локалните власти.

Share This Article