Шведската полиција уапси 12 лица кои учествувале во насилните немири предизвикани од новото палење на Куранот.
Неделниот митинг организиран од ирачкиот бегалец Салван Момика, кој иницираше слични настани што ги налутија муслиманите ширум светот, се одржа на плоштадот во Малме.
Гледачите ги покажаа емоциите откако организаторот ја запали светата книга – се вели во соопштението на полицијата и се додава дека атмосферата била турбулентна бидејќи во раните попладневни часови избувнале насилни немири.
Околу 10 лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир, а уште двајца се уапсени под сомнение дека учествувале во насилни немири.
Според медиумите, присутните фрлале камења кон Салван Момика.
Шведската влада претходно го осуди сквернавењето на Куранот, истакнувајќи дека шведскиот устав го штити правото на собирање и слободата на изразување.
Ирачките демонстранти во јули двапати ја нападнаа шведската амбасада во Багдад, при што подметнаа пожари во дипломатската мисија.
Данска, каде се случи и јавното сквернавење на Куранот, објави дека размислува за забрана за палење на муслиманската света книга.