Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот изглед без шминка, а обожавателите го пофалија нејзиниот природен изглед.
„Се будам и бројам колку побелени влакна и брчки утрово ја „уништија“ забавата“, напишала 56-годишната актерка со фотографијата која собрала повеќе од 200.000 лајкови.
Претходно обожавателите ја обвинија дека не личи на себе, откако актерката објави фотографии на кои позира на балконот од хотелската соба во Кан и се подготвува за црвениот тепих.
„Не личи на себе“, „Мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Премногу ботокс или фотошоп?“, ѝ напишаа тогаш.