More

    Салма Хаек уверува дека фотографиите не ја откриваат неговата магија

    spot_img

    Актерката Салма Хаек знае вели дека веројатно луѓето имаат свои верзии зошто таа стапила во брак со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, со кого е омажена од 2009 година, но таа уверува дека се венчала за љубов.

    Пино е претседател и извршен директор на луксузната корпорација Керинг, како и претседател на групната холдинг-компанија Groupe Artemis. Неговото богатство се проценува на над 56 милијарди долари.

     

    Актерката родена во Мексико се обрати на гласините за нејзиниот брак на неодамнешниот подкаст со актерот Дакс Шепард, кој призна дури и дека бил ран скептик за нивната врск

    – Знаете, работата е што на сликите не можете да ја видите магијата во него. Тој ме натера да станам многу подобра личност и да растам на толку добар, здрав начин. И знаете кога се омажив за него, сите рекоа: „О, тоа е договорен брак, таа се омажи за него за парите. Да, таа е кучка“. Размислете што зборувате: 15 години сме заедно, и ние сме силни во љубовта – рече убавата актерка.

    Хаек не крие дека е навредена од шпекулациите за природата на нејзиниот брак и тврди дека има дискриминација и кај богатите мажи.

    – Веднаш помислувате затоа што некој е богат, не е добра личност. И јас го имав тоа мислење патем. Тоа беше последното нешто што го посакував – богат маж за мене не значеше и некој кој ги има потребните квалитети. И јас влегов со предрасуди, но маж ми ми докажа дека не сум во право – вели Салма Хаек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img