Актерката Салма Хаек ги изненади своите следбеници со нова објава на Инстаграм.
Таа објави серија фотографии со колешката Пенелопе Круз и предизвика одушевување кај своите обожаватели. Двете актерки и пријателки изгледаат прекрасно.
Повод за објавата беше биографската спортска драма „Ферари“, во која Пенелопе ја игра Лаура Ферари, а покрај неа улоги имаат и Адам Драјвер, Патрик Демпси, Шејлин Вудли и Габриел Леоне.
„Толку сум горда на тебе моја неверојатна пријателке. За твоите неверојатни перформанси во „Ферари“. Твојот талент никогаш нема да престане да ме одушевува. За тебе, моја пријателке“, напиша Салма.
„Ти благодарам пријателке, многу те сакам“, ѝ одговори Пенелопе.
Следбениците се одушевени од фотографијата.
„Двете најубави актерки во Холивуд“, „Згодни“, „Го одземате здивот“, „Две кралици“, „Волшебни“, се дел од коментарите.
Салма и Пенелопе глумеа заедно во филмот „Одметници“ од 2006 година.
„Пенелопе отсекогаш беше мој херој и пријателка. Се познаваме најмалку 20 години“, рекла Салма во 2015 година.
ФОТО: Инстаграм