Дали сте размислувале да посвоите мачка? Пред тоа, треба да проверите дали сте подготвени за овие неколку предизвици кои доаѓаат со вашето крзнено милениче. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се организирате пред да пристигне нова мачка во вашиот дом.
1. Да се има мачка чини пари
Покрај храната и играчките, тука се и трошоците за ветеринарот и евентуалната нега. Мора да се земат предвид дополнителните трошоци пред да се посвои мачка, пишува МСН.
2. На мачката и треба друштво
Многумина веруваат дека мачката е осамено животно, но тоа не е баш така. Кога посвојуваме мачка, не смееме да ја оставиме предолго сама.
3. Посвојување на друга мачка
Кога веќе имаме мачка и сакаме да посвоиме друга, важно е да бидеме добро информирани како да внесеме нов „пријател“ во куќата. Исто така, важно е да и дадете време на мачката која веќе живее со вас да ја прифати новата мачка на нејзината територија.
4. Мачката не смее да ги вознемирува соседите
Пред да посвоиме мачка, мора да истражиме дали тоа ќе биде проблем за соседите. Мачката не смее да им пречи на луѓето кои живеат во станбената зграда, на пример со преминување од една на друга тераса и влегување во туѓа куќа.
5. Мачката мора да биде обучена
Мачката мора да научи да не гребе мебел и завеси и да не крши предмети во куќата. Накратко, мачката треба да се едуцира и потребно е трпение и знаење како да го постигнете тоа со ново животно во вашиот дом.
6. Да се има мачка бара повеќе хигиена
Мачките губат коса и може да се извалкаат. Поради оваа причина, мора да планираме постојано и темелно чистење на куќата.