Сакајќи да направи селфи, Босанец го повреди Португалецот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На мечот меѓу Босна и Херцеговина и Португалија во Зеница, Кристијано Роналдо доживеа огромна непријатност при крајот на првото полувреме.

Еден навивач на Босна и Херцеговина упадна на теренот и се упати кон португалскиот напаѓач.

Навивачот веројатно сакаше да се слика со Португалецот, веднаш се стрча и обезбедувањето, а во целата таа ситуација Кристијано доби некој удар по кој се пожали на повреда. Веднаш до него притрча Бруно Фернандеш да ја провери фудбалската мегаѕвезда, сепак по кратко време Кристијано продолжи со натпреварот.

Инаку репрезентацијата на Португалија во рамки од квалификациите за Европското првенство без проблеми вечерва славеше убедливо против Босна и Херцеговина во Зеница со 5:0.

Португалците убедливиот триумф го најавија уште во петтата минута кога Роналдо од пенал ја затресе мрежата. Се играше 22 минута кога 38-годишниот Португалец по вторпат се запиша во листата на стрелци.

Само пет минути подоцна Бруно Фернандеш зголеми и на 3:0. До крајот на првото полувреме погодија уште Кансело и Жоао Феликс за 5:0 по првиот дел. Во второто полувреме, Португалија подзастана и не напаѓаше премногу, па резултатот не се промени.

Португалија уште пред ова коло го обезбеди пласманот во следната фаза, додека Босна е претпоследна со девет освоени бодови.

Share This Article