More

    Сајкоски вели дека Македонија конечно ќе зачекори напред

    spot_img

    Имаме неповторлива шанса да покажеме што можеме да направиме за Македонија, да покажеме дека државата не се сака само со зборови, туку со дела, добри дела кои траат вечно. Верувајте дека народот знаее да го цени тоа и да го награди. Нема да претерам ако речам дека оваа шанса која ви се укажува е можеби последната шанса Македонија да се избави од магичниот круг на транзицијата и да трне по патот кон просперитетот и стандардите кои владеат во Европа. Таа шанса и доверба ви е дадена и нема да ја изневериме. Да, тешко ќе биде. Да, ќе бара од вас, од нас, многу откажувања од конфорот и ќе има работа и не смееме да се откажуваме, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница.

    Тој рече дека Програмата на владата 2024-2028 е реална и остварливаа и истакна дека време е Македонија да зачекори напред.

    – Време е да се справиме со криминалот и корупцијата. Време е способните и одговорните да покажаш што умеат и знаат – посочи Сајкоски.

    Тој потенцираше дека потребите на граѓаните биле преточени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Потребите и барањата на граѓаните беа преточени во предизборна платформа која ја понудивме пред граѓаните и ни се даде добербата оваа платформа ги опфаќа сите барања на граѓаните и се она што треба да го сработиме. Програмата е обемна и за нес ќе разговараме за сите проекти кои се во неа – рече Сајкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img