More

    Саинц потпиша нов договор со Ферари

    spot_img

    Ферари и Карлос Саинц ја продолжија соработката, па Шпанецот ќе биде дел од италијанскиот тим до 2024 година.

    Карлос Саинц дојде во Ферари во 2021 година од Мекларен. Често во својата прва сезона во Скудерија беше подобар дури и од Шарл Леклер, имаше долга серија трки во кои завршуваше во поени, а 2022 започна уште подобро за него.

    Саинц се истакна во Бахреин и Саудиска Арабија. Ферари затоа му понуди нов договор, па Карлос ќе остане во Италија до 2024 година.

    „Многу сум среќен што потпишав договор со Ферари. Нема подобар тим во Формула 1 и тоа секогаш сум го кажувал. Уникатно и неспоредливо е кога го носиш овој костум и кога го претставуваш овој тим. Мојата прва сезона беше цврста и конструктивна, целата група напредуваше заедно. Резултатот е јасно видлив оваа сезона“, изјави Карлос Саинз.

    Шпанецот е во Формула 1 од 2015 година кога возеше за Торо Росо, потоа беше во Рено во 2017 и 2018 година, по што следуваа две години во Мекларен. Во својата прва сезона во Ферари, тој заврши на петтото место во генералниот пласман.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img