САД во петокот воведоа санкции за четворица Руси поврзани со финансискиот и инвестициски конгломерат „Алфа груп“ и руските деловни асоцијации, како дел од најновата акција против финансиската елита на Москва поради војната во Украина.
Американското Министерство за финансии објави дека четири лица кои биле во надзорниот одбор на Алфа – Петр Олегичич Авен, Михаил Маратович Фридман, Герман Борисовиќ Кан и Алексеј Викторович Кузмичев – се цел на санкции. Санкции беа воведени и против Руската асоцијација на работодавачи и Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, се вели.
„Руските богати елити треба да се откажат од идејата дека можат да работат како и обично додека Кремљ води војна против украинскиот народ“, рече заменик-министерот за финансии Воли Адејем во изјавата.
Коментирајќи ги новите санкции, рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов рече дека тие се дел од „неуспешната рестриктивна политика“ и дека Белата куќа „не може да ја уништи нашата економија и да го поткопа технолошкиот суверенитет“.