Младиот американски голман Холден Трент (25) почина во саботата, соопшти неговиот клуб Филаделфија Јунион.
Филаделфија се прости од играч кој ненадејно почина, а причината за смртта се уште не е објавена, ниту откриена.
Американската професионална лига МЛС се прости од Трент и изрази сочувство до семејството и вереницата што ги остави зад себе.
Младиот голман имаше светла иднина, секој ден покажуваше одлучност и професионалност кога придонесуваше за цврстата голманска линија на Филаделфија“, велат од МЛС лигата.
Од лигата додадоа дека разговараат со клубот и семејството за начините на кои можат да се поддржуваат едни со други.
Во саботата поради неговата ненадејна смрт беше одржано едноминутно молчење, додека на Субару парк беше истакнат транспарент во чест на младиот голман.
За неговата смрт засега не се знае речиси ништо, освен што некој од неговото семејство преку својот профил на социјалните мрежи изјавил дека е примен на интензивна нега и дека сите се молат за него.