САД сметаат дека Крим, кој Русија го анектира во 2014 година, треба во најмала рака да се демилитаризира

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД сметаат дека Крим, кој Русија го анектира во 2014 година, треба во најмала рака да се демилитаризира, додека официјален Вашингтон истовремено ги поддржува украинските напади врз воени цели на анектираниот полуостров, изјави американската државна потсекретарка Викторија Нуланд.

На Крим се наоѓа морското пристаниште Севастопол, каде што е сместена руската црноморска флота, а западните и руските дипломати сметаат дека тој полуостров е во центарот на украинската војна.

– Без разлика каква одлука ќе донесат Украинците за Крим, кога станува збор за одлучување каде ќе се водат борбите, Украина нема да биде безбедна додека Крим не биде барем демилитаризиран – рече Нуланд.

На прашањето за опасноста од ескалација на војната во Украина, Нуланд одговори дека Русија таму има многу воени објекти кои се клучни во конфликтот.

– Ова се легитимни цели, Украина ги гаѓа и ние го поддржуваме тоа – рече Нуланд.

Крим, кој излегува на Црното Море, бил припоен кон Руската империја од страна на Катерина Велика во 18 век.

Украина сака да ја врати целата територија на Крим анектирана од Русија, која вели дека секој напад на Крим би бил исклучително опасен и би претставувал ризик од голема ескалација на војната.

Share This Article