Европската команда на Армијата на САД објави видео од средбата на американско надгледувачко беспилотно летало и руски борбен авион, што се одржа над Црното Море.
Од Пентагон велат дека средбата во воздух траела 30-40 минути, а видеото ги прикажува клучните моменти.
На снимката се гледа моментот кога руски авион удрил во американски дрон. По ударот, дронот мораше да биде спуштен во Црното Море.