More

    САД најавија обезбедување нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари

    spot_img

    САД најавија обезбедување нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари.

    Помошта е за „нашите украински партнери во време кога тие се бранат од тековните напади на Русија“, посочија синоќа од американскиот Стејт департмент.

    Оваа дополнителна помош обезбедена преку повлекување од резервите на Министерството за одбрана, вклучува ракети за противвоздушна одбрана и поддршка, муниција за ракетни системи и артилерија, противтенковско оружје, оклопни пешадиски возила „Бредли“ и други оклопни возила, како и други приоритетни капацитети.

    Со објавата се демонстрира „трајниот ангажман на САД кон самоодбраната на Украина против бруталната агресија на Русија“.

    Од од американскиот надворешнополитички орган укажаа и дека помошта ќе биде распределена што е можно побргу

    – Помошта е за да се зајакне одбраната на Украина, нејзината територија и нејзиниот народ. Како што јасно рече и претседателот Бајден, Соединетите Американски Држави и меѓународната коалиција што ја собравме ќе продолжат да стојат со Украина – соопшти Стејт департментот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img