Background

САД ги намалуваат царините за кинески пратки со ниска вредност

САД ќе ги намалат царините за кинески стоки со ниска вредност од 120 проценти на 54 проценти почнувајќи од 14 мај, но со фиксна такса од 100 долари што ќе остане на сила, објави Белата куќа, поништувајќи ја својата претходна извршна наредба.

Да потсетиме дека на почетокот на мај, американската влада одлучи да го укине бесцаринскиот увоз на пратки со ниска вредност од Кина и Хонг Конг, отстранувајќи ги исклучоците според регулативата „de minimis“ што ги користеа платформите за е-трговија како што се Shein и Temu. Производите во вредност до 800 долари што пристигнуваат по пошта од Кина од почетокот на мај подлежат на царински давачки од 120 проценти од вредноста на пакетот или еднократна такса од 100 долари по пакет. Таа такса требаше да се удвои во јуни.

Но сега Белата куќа одлучи да ја намали царината на пратките на 54 проценти, а оваа одлука дојде само неколку часа откако Пекинг и Вашингтон постигнаа договор за намалување на царините воведени на 2 април. Воведувањето на фиксната такса од 200 долари исто така ќе биде одложено, што значи дека претходно воведената такса од 100 долари ќе биде задржана.

- Advertisement -
Ad image

Бројот на пратки што влегуваат во САД без царина се зголеми во последниве години, па повеќе од 90 проценти од сите пакети имаа корист од ослободувањето од плаќање царински давачки според правилото „de minimis“. Од тоа, околу 60 проценти доаѓаат од Кина, предводени од онлајн продавници како „Тему“ и „Шеин“.

Правилото „де минимис“ на САД, кое датира од 1938 година, е предмет на сè поголеми критики и од демократските и од републиканските пратеници. Некои од нив повикаа на „крај на дупката во законот“ што им овозможува на евтините кинески производи да ги преплават САД и да ја поткопаат американската индустрија, а воедно служат и како покритие за шверц на нелегални стоки како што се дрога и супстанции потребни за нивно производство.

Инаку, ЕУ планира да го укине и третманот без царина за пакети нарачани преку интернет, чија вредност е помала од 150 евра, но дури во 2028 година. Во меѓувреме, Франција е за воведување такса за пакети со ниска вредност што пристигнуваат во ЕУ преку е-трговија од 2026 година, со цел да се воспостави поголема контрола врз кинеските онлајн платформи како што се „Шеин“ и „Тему“, кои им испорачуваат евтини артикли на европските потрошувачи без царина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation