САД додадоа во списокот санкции за 7 ирански компании

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД додадоа седум ирански ентитети во својот список санкции кои се поврзани со производството на дронови што Русија ги користи во своите удари во Украина, соопшти  американското Министерство за трговија. 

Меѓу оние во американскиот „црн” список на ирански организации се структури поврзани со разработка и производство на мотори за авиони, воено-космичките сили на Корпусот на стражите на исламската револуција, компанијата МАДО, која е специјализирана за производство на делови за беспилотни летала, а санкционирана е и на компанијата Paravar за создавање на дроновите камикази „Шахед” и претпријатието Shahed Aviation Industries. 

Во соопштението на Министерството се истакнува дека со своите дронови Иран ја снабдува Русија за користење во Украина, што е против националните интереси и безбедноста на САД.

Фото: МИА

Share This Article