More

    САД бараат од Израел да ги заштити цивилите во Газа

    spot_img

    Соединетите Држави синоќа го повикаа Израел да ги заштити невините цивили, медицинскиот персонал и пациентите во болниците, откако израелските сили упаднаа во една и опколија друга болница за време на напредувањето во западниот дел на Кан Јунис, голем град во јужниот дел на Газа.

    Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека Израел има право да се брани, но во согласност со меѓународното право.

    „Очекуваме Израел да ги заштити невините луѓе во болниците, медицинскиот персонал и пациентите што е можно повеќе“, рече тој.

    Израелската страна тврди дека борците на Хамас ги извршуваат своите активности во и околу болниците, што го демантираат и Хамас и медицинскиот персонал на болниците.

    Минатата недела Израел започна офанзива врз Кан Јунис, кој сега е седиште на Хамас.

    По нападот во октомври минатата година, Израел рече дека ќе го уништи Хамас, палестинската исламистичка организација која управува со Газа, која го вклучи уништувањето на Израел меѓу своите цели. Министерството за здравство на Газа објави дека најмалку 25.295 жители на Појасот Газа биле убиени во изминатите три и пол месеци.

    Загриженоста на меѓународната заедница расте поради бројот на палестински жртви во израелскиот напад на споменатата густо населена енклава и поради хуманитарната криза која погоди стотици илјади луѓе.

    Израел продолжува да ја избегнува дебатата за две држави
    САД побараа од Израел што поскоро да го намали бројот на цивилни жртви во Газа и да го запре насилството од страна на израелските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег. Покрај тоа, тие забележуваат дека сè уште веруваат во моделот „две држави“ како решение за израелско-палестинскиот конфликт.

    Меѓутоа, израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, на средбата со колегите од земјите членки на ЕУ, избегна да разговара за двете држави, туку зборуваше за идните инфраструктурни проекти.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се противи на споменатото решение. Пред два дена тој изјави дека секоја палестинска држава ќе претставува „егзистенцијална закана“ за Израел.

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел сподели документ со кој повикува на подготвителна мировна конференција, организирана од Европската унија и арапските земји. САД и ОН беа исто така поканети да бидат организатори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img