Арина Сабаленка, тенисерката од Белорусија, беше поразена по пресвртот од Коко Гауф во финалето на УС Опен (2:6, 6:3, 6:2) и со тоа остана без третата титула на грен слем турнирите во нејзината кариера.
На крајот од мечот Сабаленка не можеше да ги сокрие солзите, но по неколку минути се созеде доволно за со насмевка да го прифати пехарот и да го види доделувањето на трофејот на младиот американски играч.
Но, при влегувањето во соблекувалната повторно надвладеа гневот, па Сабаленка незадоволството од резултатот го изрази со кршење на рекетот.
Откако неколку пати удрила доста силно на подот, таа мирно отишла до корпата и го фрлила скршениот рекет во ѓубрето.