More

    Сѐ уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија

    spot_img

    Сѐ уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање ќе се земат предвид во анализите.

    Ова беше порачано на втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач што денеска се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката.

    – Моделот со четири блок тарифи дава математички најдобри резултати, односно колку е можно повеќе домаќинства да имаат намалени трошоци за електрична енергија споредено со оваа одлука и покажува дека 87 проценти во зима и 92 проценти во лето би имале помали сметки. Концептот со четири блока е избран дека сега за сега дава најдобри резултати, но доколку се покаже или докаже дека подобри резултати ќе има со погоре или подолу еден блок не е спорно и од аспект на имплементација нема да има никаков проблем – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

    Најави дека ќе продолжат јавните дебати, доколку е потребно, за секој да го каже своето мислење.

    – Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите – нагласи Бислимоски.

    Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.

    – Доколку се земе цената на електричната енергија во ниска тарифа да е еден во првиот блок во висока тарифа би била 1,11, во вториот блок во висока тарифа би изнесувала 1,7, во третиот блок 2,3, а во четвртиот блок цената во висока тарифа би била 2,89 – прецизира Талевски.

    Пресметковниот период би бил 30 дена што, како што рече, покажува дека во првиот блок просечната дневна потрошувачка во висока тарифа – скапа струја, би била 7 киловат часови, во вториот блок 14, во третиот 21 и во четвртиот над 21 киловат час дневно.

    Како што истакна Талевски, од понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде достапен веб калкулатор на кој граѓаните ќе можат да пресметаат колку ќе им биде сметката доколку внесат колку киловати електрична енергија потрошиле во ниската и високата тарифа,односно скапа и евтина струја.

    Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата.

    Со ваквиот начин на тарифирање, како што велат од РКЕ, ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img