РЗА Ателстон Маерс е името на синот на пејачката Ријана, кој се роди пред речиси една година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

РЗА Ателстон Маерс е името на синот на пејачката Ријана, кој се роди пред речиси една година. Пејачката го криеше неговото име од јавноста, но какошто пренесува Дејли Мејл ексклузивно го добиле изводот на родените на машкото бебе, на кој пишува дека неговото име е РЗА Ателстон Маерс.

Изводот од матичната книга на родените открива и дека РЗА е роден во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес. По раѓањето на момчето, фановите шпекулираа дека се вика Ноа.

Детето го носи презимето на неговиот татко, раперот АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс. Момчето, наводно, го носи и средното име на неговиот татко, иако неколку пати е наведено дека се пишува Ателастон.

Споменатите медиуми пишуваат дека синот најверојатно го добил името во чест на продуцентот и рапер РЗА, водачот на кланот Ву-Танг, американски хип-хоп колектив основан во 1992 година. Инаку, Ријана неколку пати е фотографирана во облека со името на тој бенд.

Share This Article