Украинскиот парламент гласаше за потврдување на назначувањето на Рустем Умеров за нов министер за одбрана, објави пратеникот Јарослав Железњак.
Тој на платформата „Телеграм“ изјави дека огромното мнозинство го поддржува Умеров откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го предложил за позицијата во досега најголемата воена реконструкција на украинскиот одбранбен сектор.
Умеров го замени Олексеј Режњиков, кој беше сменет со одлуката на Зеленски во неделата, 3 септември.