Русковска вели дека имала политички притисоци

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик-државен обвинител за да се прекине истрага за предмет, се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – вели во интервју за А1.он обвинителката Вилма Русковска.

Таа не открива кој ѝ дал таква понуда, но рече дека тоа го кажала пред членовите на Судски совет, кој расправаше за нејзината суспензија и разрешување.

Според неа, предметите кои пресудиле да биде суспендирана, се оние кои ги отворила против функционери од актуелната власт. Русковска очекува дека Советот на јавни обвинители ќе ја разреши од обвинителската функција.

Обвинителката повтори и дека нема никаква поврзаност помеѓу Работната група која подготвуваше нов Кривичен законик и измените кои Собранието ги донесе по итна постапка и со европско знаменце.

– Злоупотребата воопшто не е во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бидејќи ние бевме надлежни само за став 5. Фактички, треба и од името да се избрише Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи веќе немаме можност да се бориме со корупцијата. Обвинителството ќе се сведе на предмети за дрога, мигранти, знаеме колку годишно имаме предмети за перење пари и други приноси од казниво дело. Се одземаат ингеренциите на ова Обвинителство – вели Русковска за А1он.

Таа вели дека нема аспирации да се кандидира за државен обвинител, на местото на актуелниот Љубомир Јовески мандатот му истекува во декември годинава.

Дисциплинската постапка против Рускоска почна откако таа дојде во судир со Финансиската полиција и нејзиниот поранешен директор Арафат Муареми. По неколку забелешки од Русковска, како обвинителка во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дека е незадоволна од работата на Управата за финансиска полиција, таа испрати екипа која правеше претрес во канцелариите на УФП, посочувајќи дека наредбата е дадена по пријава од група граѓани против директорот Муареми.

Но, по големата фама во јавноста, настана нов пресврт, кој заврши со разрешување на Русковска, како и казни и за обвинителките кои беа вклучени во постапката. Кратко откако Основното обвинителство го ослободи Муареми од истрага и понатамошна постапка, во средината на август тој си поднесе оставка.

Share This Article