Русковска се жали на малиот одѕив на огласот за нови обвинители

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да има 20 обвинители, така што, ние сме шест помалку. Тоа не влијае многу врз работата затоа што колегите даваат максимум од себе, сѐ останува и после работното време затоа што има и многу судења, истрагите ги водат обвинителите, со големи напори од страна на колегите навистина сме доста ажурни, изјави денеска шефицата на ОЈО Вилма Русковска.

Во изјава за медиуми по денешната промоција на новата зграда на Управниот суд, таа информираше дека имало оглас за четворица обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција, и, како што рече „на мое огромно изненадување се пријавија само шест, од кои две колешки на кои им истече мандатот“.

– Ме загрижува таа незаинтересираност на колегите обвинители да работат во ова обвинителство и покрај тоа што сторив напор, имаме најголеми плати во јавно обвинителската организација како обвинители, но, и покрај тоа, многу мала заинтересираност – рече таа.

Во врска со истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, Русковска информираше истрагата е во тек и дека ќе бараат продолжување на притворот. Дополнително, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека е примена иницијативата од Државната комисија за спречување на корупција за кривично гонење на поранешните генерални секретари Зеќири и Драги Рашковски.

– Се постапува, сè уште нема одлука, краток е периодот откако е стигната иницијативата, ние постапуваме по сите иницијативи и многу сериозно ги сфаќаме – рече таа.

Share This Article