Руското Министерство за одбрана соопшти дека продолжуваат борбите во западниот дел на областа Курск по украинскиот напад што ја шокираше Москва

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руското Министерство за одбрана соопшти дека продолжуваат борбите во западниот дел на областа Курск по украинскиот напад што ја шокираше Москва.

За време на воздушните напади Русите тврдат дека користеле и термобарично оружје, таканаречена вакуумска бомба.

Притисокот создаден од експлозијата може буквално да ги „испари“ човечките тела и да предизвика застрашувачки повреди, пишува Sky News.

Ова не е прв пат Москва да користи вакво оружје, бидејќи украинските власти тврдеа дека било употребено само неколку недели по почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.

Употребата на вакуум бомби не претставува кршење на меѓународното право, пишува Sky News.

Термобаричното оружје, познато и како аеросолна бомба, работи на две нивоа.

Полнењето во првата фаза дистрибуира аеросол составен од многу фин материјал, од гориво базирано на јаглерод до фини метални честички. Вториот полнеж го запали тој облак, создавајќи огнена топка, огромен ударен бран и вакуум додека го вшмукува целиот околен кислород.

Експлозивниот бран може да трае значително подолго од конвенционалните експлозиви и е способен да ги распадне човечките тела.

Видеото направено пред околу една година, покажува експлозија на руска термобарична бомба.

- Advertisement -
Ad image

Русија евакуираше повеќе од 76.000 луѓе од пограничните области во западниот регион Курск додека украинската војска продолжува со својата прекугранична офанзива.

„Повеќе од 76.000 луѓе се привремено преместени на безбедни места“, објави државната новинска агенција ТАСС, цитирајќи локален функционер на брифинг со новинарите.

Share This Article