More

    Руското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за отстранување на Талибанците од листата на терористички организации „била донесена од страна на највисоките власти“

    spot_img

    Руското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за отстранување на Талибанците од листата на терористички организации „била донесена од страна на највисоките власти“, извести државната новинска агенција „TASS“.

    Одлуката треба да помине низ законски процедури за да стане валидна, изјави Замир Кабулов, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан.

    Путин во јули изјави дека Русија го смета авганистанското, талибанско движење за сојузник во борбата против тероризмот. Русија постепено гради врски со Талибанците, откако тие ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, по повлекувањето од Авганистан на воените сили предводени од САД. Меѓутоа, талибанското движење сè уште останува официјално забрането во Русија.

    Ниту една држава не ги призна Талибанците како легитимни водачи на власта во Авганистан, иако Кина и Обединетите Арапски Емирати ги прифатија нивните амбасадори.

    Русија ги стави Талибанците на својата листа на терористички организации во 2003 година, а нивното отстранување од оваа листа претставува важен чекор на Москва кон нормализацијата на односите со Авганистан.

    Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е убедена во потребата од одржување на „прагматичен дијалог“ со сегашната авганистанска влада.

    – Очигледно решавањето на проблемите е невозможно, а ниту разговорите околу авганистанското решение се невозможни без учеството на Кабул. Москва ќе продолжи со развивањето на политичките, трговските и економските врски со Кабул – додаде Лавров, во текот на состанокот во Москва, со својот авганистански колега Амир Хан Мутаки и претставниците од соседните земји.

    И покрај тоа што не ги спомена Талибанците директно, Лавров ја пофали сегашната авганистанска власт за напорите во сузбивање на производството на дрога и борбата против Исламската држава, којашто е забранета во Русија. Тој исто така изјави дека САД треба да го вратат конфискуваниот имот во Авганистан и дека Западот треба да ја признае одговорноста за обнова на земјата во времето по крајот на конфликтот.

    Инаку, Русија има проблематична историја со Авганистан, каде што советската армија изврши инвазија во 1979 година, со цел да ја поддржи проруската влада, но се повлече 10 години подоцна откако претрпе тешки загуби, од страна на муџахедините.

    Русија и нејзините постсоветски соседи беа изложени на постојани напади од страна на милитантните, исламистички групи поврзани со Авганистан, и тоа последен пат во март оваа година, кога 145 лица беа убиени во нападот врз концертска сала во близина на Москва, а одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img