Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија повеќе нема да учествува во работата на Советот на Европа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија повеќе нема да учествува во работата на Советот на Европа, водечката организација за човекови права на континентот.

Образложувајќи ја одлуката Кремљ наведува дека држави-членки на НАТО го поткопуваат европското тело осмислено да ги поддржува човековите права, принципите на владеење на правото и на демократијата.

Историски гледано, конфронтираност честопати беше карактеристика на односите на Русија со Советот на Европа.

Русија се приклучи на Советот на Европа во 1996 година, на барање на тогашниот руски претседател Борис Елцин како дел од обидот за транзициски процеси во земјата. Правото на учество на Русија во телото беше суспендирано на 25 февруари, ден по инвазијата врз Украина. Претходно, руското учество во Советот на Европа беше прекинато во 2001 година после втората чеченска војна, како и во 2014 година откако Москва го анектираше Крим.

Share This Article