More

    Руските војници силуваат жени

    spot_img

    Додека бомбите паѓаат врз нашиот град, додека војниците ги силуваат нашите жени во окупираните градови, за жал, имавме многу такви случаи, тешко е да се зборува за ефективноста на меѓународното право, рече шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во говорот на онлајн настанот пред лондонскиот „Chatnam House“.

    Тој не презентираше докази за овие наводи, но украински медиуми објавуваат дека има 11 случаи на силување во Херсон, првиот и единствен поголем украински град окупиран од руските сили.
    Кулеба им се заблагодари на земјите од Алијансата кои испратија оружје за да се спротивстават на нападот, но побара дополнителна помош.

    – Дејствувајте одлучно сега, пред да биде предоцна. Не дозволувајте Путин да ја претвори Украина во Сирија. Ние сме подготвени за војна. Продолжуваме да се бориме. Но, потребна ни е помош од партнерите во форма на решителни и брзи дејствија – рече Кулеба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img