More

    Руските власти сакаат целосна контрола врз церемонијата

    spot_img

    Рускиот истражен комитет поставил три дополнителни услови за предавање на телото на мајката на рускиот опозиционер Алексеј Навални освен веќе познатиот услов телото да биде тајно погребано. Ова го обзнани Иван Жданов, директорот на Фондацијата на Навални за борба против корупцијата, јавува Си-Ен-Ен.

    Според него, покрај тајниот погреб, Комитетот ги поставил следните услови:

    1. Телото да биде пренесено во Москва со специјален авион, а пред пристигнувањето во главниот град, мајката на Навални да не го најавува погребот, за да не биде пречекана од толпа луѓе со телото на аеродромот.

    2. За сето време пред погребот, семејството на Навални мора да биде придружувано од вработен во истражната комисија.

    3. Мајката на Навални треба да одлучи за датумот на погребот по пристигнувањето во Москва. Телото треба да се чува во Москва или во Владимирската област пред погребот. Според Жданов, Истражниот комитет „се плаши дека мртовечницата ќе биде нападната“.

    Документот за Извод на смртта за Навални ќе му биде предаден на семејството откако тој ќе се согласи да ги исполни овие услови, објасни Жданов во четвртокот во интервјуто со независниот руски новинар Александар Пљушчев.

    Тој додаде дека на мајката на Навални, Људмила, ѝ се заканувале за да се согласи со овие услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img