More

    Руските власти поставија уште три услови за пуштање на телото на Навални на семејството

    spot_img

    Во четвртокот, мајката на Алексеј Навални Људмила ги обвини руските инспектори дека планираат „таен“ погреб за нејзиниот син и рече дека нема да се согласи на тоа.

    Иван Жданов, директорот на Антикорупциската фондација на Навални, објави дека рускиот истражен комитет поставил дополнителни услови за предавање на телото на мајката на Навални, пренесува Си-Ен-Ен.

    Покрај тајниот погреб, Комитетот постави уште три услови:

    1. Телото треба да биде пренесено во Москва со специјален авион, а пред да пристигне во главниот град, мајката на Навални да не го најавува погребот за да не го пречека толпа луѓе телото на аеродромот.

    2. Цело време пред погребот, семејството мора да биде придружувано од вработен во истражната комисија.

    3. Мајката на Навални треба да одлучи за датумот на погребот по пристигнувањето во Москва. Телото треба да се чува во Москва или во Владимирската област пред погребот. Според Жданов, истражниот комитет „се плаши дека мртовечницата ќе биде нападната“.

    Изводот на смртта ќе биде предаден на семејството на Навални откако тој ќе се согласи да ги исполни овие услови, рече Жданов во четвртокот во интервјуто со независниот руски новинар Александар Пљушчев.

    Тој додаде дека на мајката на Навални Људмила и се заканувале за да се согласи со овие услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img