Руските сили соопштија дека неутрализирале 20 украински беспилотни летала во неколку руски региони, особено на границата со Украина.
„Во текот на ноќта беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади на локации на територијата на Русија“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Руската армија неутрализирала 20 беспилотни летала, две балистички ракети и пет балони, кои главно се користат за да се сврти вниманието на системите за противвоздушна одбрана, наведува истиот извор.
Шеснаесет беспилотни летала и два проектили се уништени над регионот Белгород, кој граничи со Украина и е цел на речиси секојдневни украински напади.