More

    Руските приходи од нафта и плин двојно повисоки во однос на лани

    spot_img

    Руските приходи од нафта и гас ќе достигнат 1,29 трилиони рубљи (14 милијарди долари) во април, што е речиси двојно повеќе од истиот месец минатата година благодарение на зголемените цени, покажуваат пресметките на Ројтерс. Проценките се засновани на податоците од индустриските извори и официјалната статистика за производство, преработка и снабдување со нафта и гас на рускиот и меѓународниот пазар.

    Руското Министерство за финансии на почетокот на мај ќе ги објави податоците за април. За цела 2024 година, владата во буџетот предвиде приходи од продажба на нафта и гас од 11,5 трилиони рубљи, за 30% повисоки од 2023 година, кога се намалија за 24% поради пониските цени на нафтата и намалениот извоз на гас под притисок на санкциите.

    Благодарение на закрепнувањето на приходите од продажбата на енергетски производи, рускиот буџетски дефицит се намали во првите три месеци од оваа година на 607 милијарди рубљи, што одговара на 0,3% од бруто домашниот производ (БДП), наведува Ројтерс.

    Западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, настојувајќи да ги намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и гас, кои сочинуваат околу една третина од федералниот буџет. Казнените мерки вклучуваат забрана за водење бизнис со руски финансиски институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img