Неколку експлозии се слушнаа денеска во украинскиот главен град Киев откако беше прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради присуство на дронови во областа и закана од напади.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, им порача на граѓаните да останат во засолништа. Градските власти соопштија дека дејствува противвоздушната одбрана и дека украинските воздухопловни сили откриле руски суперсонични ракетни напади во реонот на Киев.
„Експлозии во градот. Останете во засолништата!“ – напиша Кличко на комуникациската платформа Телеграм.
Тој рече дека остатоци од соборена ракета паднале на просторот на детската болница во градот, но дека нема повредени.
Фото: Илустрација