More

    Руските и белоруските знамиња се забранети во Мелбурн

    spot_img

    Организаторите на Австралија опен ги забранија руските и белоруските знамиња за време на натпреварувањето, бидејќи гледачите донесоа повеќе од едно на трибините на првиот ден од првиот овогодишен Грен слем турнир.

    Причината за ваквата одлука е тоа што на натпреварот од првото коло меѓу Русинката Камила Ракимова и Украинката Катерина Баиндл на трибините беше истакнато руското знаме, по што протестираше украинскиот амбасадор во Австралија Васил Мирошниченко.

    „Нашата првична политика беше навивачите да внесуваат знамиња, но не можеа да ги користат за да го нарушат натпреварувањето“, се вели во денешното соопштение на Tennis Australia.

    Политиката на Австралиската тениска асоцијација имплицира дека на руските и на белоруските играчи им е дозволено да се натпреваруваат на турнирот, но само како „неутрални“ спортисти, односно нивната националност не е наведена во ниту еден официјален распоред или резултати, а знамињата на нивните земји не се прикажуваат ниту на ТВ графика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img