Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, предупреди дека Русија може да ги прекине на дипломатските односи со САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска предупреди  дека Русија може да ги прекине на дипломатските односи со САД доколку Вашингтон ги конфискува руските средства замрзнати поради конфликтот во Украина

– САД не треба да живее во илузијата дека Русија со двете раце се држи до дипломатските односи со оваа земја – рече Рјабков.

Тој изјави дека Русија е подготвена на секое сценарио. Рјабаков посочи дека Вашингтон не треба да има илузии дека Русија по секоја цена ќе се држи до дипломатските односи со САД.

– Дипломатските односи сами по себе, не се некој тотем кој треба да се обожува, тоа не е света крава што сите ја чуваат. Меѓутоа ние нема да ги урнеме. Ние не постапуваме така, тоа не е по нашите правила. Русија и САД имаат централна улога во одржувањето на меѓународната безбедност и стратешката стабилност – заклучи Рјабков.

Share This Article