Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми.
– Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам (Трамп) за неговиот избор на функцијата претседател на САД. Зборовите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за украинската криза заслужуваат внимание – рече Путин за време на говорот на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.
Она што беше кажано од Трамп за желбата да се обноват односите со Русија, да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини дека заслужува барем внимание, додаде рускиот лидер.
Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“ е здружение на водечки странски и руски експерти од областа на политичките науки, економијата, историјата и меѓународните односи.
Клубот е создаден во септември 2004 година на иницијатива на агенцијата РИА Новости, Советот за надворешна и одбранбена политика, списанието „Русија во глобални работи“ и Русија профил.
„Валдај“ е една од водечките светски платформи за интеракција помеѓу руската и меѓународната интелектуална и политичка елита.