Рускиот претседател Владимир Путин утрово се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление Водици, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската државна новинска агенција Тас.
На прашањето дали 71-годишниот претседател се капел за Богојавление, Песков одговорил:
– Да, тоа го направи за да го одбележи Богојавление според традицијата.
Православните верници ширум светот денеска го слават Христовото крштевање, еден од најголемите христијански празници.