Рускиот патријарх го поздрави обединувањето на СПЦ и МПЦ-ОА

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“.
– Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија – рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми.

Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“.

Share This Article