Рускиот опозиционер напишал автобиографија пред смртта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални пред смртта напишал автобиографија, која ќе биде објавена во октомври, објави денеска неговата сопруга Јулија Навална.

Навални (47) почина во февруари во руски затвор во Арктичкиот круг. Водечкиот руски опозициски политичар сакаше да стане претседател на Русија и беше најжесток критичар на Владимир Путин во земјата. Неговите сојузници, кои властите ги прогласија за екстремисти, го обвинуваат Путин дека го убил, обвинение што Кремљ го негира.

Навална на Твитер напиша дека нејзиниот сопруг започнал мемоари со наслов „Патриот“ во 2020 година. Навални почнал да ја пишува својата автобиографија откако бил отруен, за што западните лекари тврделе дека е предизвикана од нервниот агенс Новичок.

Навална најави дека книгата ќе биде објавена на 22 октомври истовремено на 11 јазици.

„Ова воопшто не е такак како што замислував дека Алексеј ќе ја пишува својата биографија. Верував дека тоа ќе биде во напшите осудесети години, дека тој ќе седи на компјутерот со отворен прозорец и ќе пишува. Но, работите се одвиваа како што се одвиваа. Страшно и многу, многу неправедо“ – вели Јулија Навална.

Портпаролката на Навални, Кир Јармиш, опиша како тој почнал да диктира делови од својата книга додека се опоравувал од труење во Германија и дека книгата ја завршил во затвор откако се вратил во Русија во 2021 година.

Британскиот издавач Penguin Books UK, ја опиша книгата како „целосна приказна за животот на Навални и предизвикувачки повик да се продолжи работата за која тој го жртвувал својот живот“.

Тешко дека книгата ќе биде достапна во Русија, каде властите го забранија неговото движење поради екстремизам.

Минатиот месец Путин ја нарече смртта на Навални „тажна“ и рече дека сакал да го размени со Западот под услов никогаш да не се врати во Русија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article