More

    Рускиот опозиционер Алексеј Навални кој почина на 16 февруари во затвор на севрерот на Русија каде ја отслужуваше 19-годишната казна поради наводен екстремизам, ќе биде погребан на гробиштата Хованское во Москва

    spot_img

    Рускиот опозиционер Алексеј Навални кој почина на 16 февруари во затвор на севрерот на Русија каде ја отслужуваше 19-годишната казна поради наводен екстремизам, ќе биде погребан на гробиштата Хованское во Москва, соопшти директорот на Фондацијата на Навални, Иван Жданов.

    – На мајката на Навални најпрво ѝ беше ускратено да избере гробишта по нејзин избор, по што двете страни се согласија дека погребот треба да се одржи на гробиштата Хованское во Москва – рече Жданов во интервјуто со независниот руски новинар Александар Пљушчев во четвртокот.

    Телото на Навални треба да биде пренесено во Москва со специјален авион, а пред да пристигне во главниот град, мајката на починатиот опозиционер не смее да го најавува погребот за да не дојде толпата на аеродромот.

    Жданов тврди дека Рускиот истражен комитет наводно поставил дополнителни услови за да ѝ го предаде телото на починатиот опозициски лидер Алексеј Навални на неговата мајка. Комитетот барал погребот да биде таен и само во присуство на семејството. Тој тврди и дека на мајката на Навални ѝ се заканувале дека мора да се согласи со условите што и биле поставени.

    Људмила Навална, да потсетиме, го виде телото на својот син во четвртокот во мртовечницата во Салехард, која се наоѓа во близина на затворот во кој почина опозиционерот. Таа исто така потврди дека истражителите ја уценувале да ги исполни условите за погреб на нејзиниот син.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img