Рускиот напад ѝ предизвика сериозна штета на Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку еден милион луѓе се без струја низ Украина по големиот руски ракетен напад, во текот на ноќта, врз енергетската инфраструктура на земјата, објави Ројтерс.

Три региони на запад се погодени од прекините на електричната енергија.

Максим Козицки, гувернер на западниот регион на Украина, пријави напади во енергетската инфраструктура таму и рече дека повеќе од половина милион луѓе во регионот се без струја.

Во текот на ноќта беа откриени проектили кои биле упатени кон Харков, Одеса и кон 8 други региони.

Отпадоци од проектили биле пријавени на две локации во Киев, но локалните власти тврдат дека противвоздушната одбрана ги пресретнала сите проектили истрелани кон главниот град.

Градоначалникот Виталиј Кличко пријавил материјална штета, но нема жртви.

 

„Напади на енергетските капацитети се извршуваат низ цела Украина. Операторот на електропреносниот систем ‘Укренерго’ итно воведе вонредни прекини на струја“, објави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

 

- Advertisement -
Ad image

Температурата во Киев денеска не се очекуваше да се искачи над 2 степени Целзиусови.

Руското Министерство за одбрана тврдеше дека уништило 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта во 4 региони, вклучувајќи го и Крим.

Share This Article