Рускиот генерал Попов ја критикуваше армијата исто како и Пригожин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сите бевме сведоци на бунтот на Евгениј Пригожин поради незадоволството од условите на војувањето и начинот на организирање на армијата, а сега се појави уште еден случај, а се работи за генерал-мајор Иван Попов, командант на 58-та армија на Јужен округ, кој работи во областа Запорожје, пренесува Ројтерс.

Тој им се обратил на соборците и изјавил дека е разрешен од командантската позиција, затоа што на остатокот од раководството му „загрозил“ презентирајќи ги проблемите со кои се соочува на фронтот.

Попов рече дека во повеќе наврати ги покренал прашањата за недостигот на контрабатериски бомби, артилериски извидувачки станици, големите загуби и смртта на руските војници.

Според него, доведувањето на овие прашања до военото раководство постепено довело до негова смена и оставка.

– Заради вистината, газдите ја почувствуваа опасноста во мене – вели генерал-мајор Попов.

– Нашата армија и нашите линии на фронтот не можеа да бидат скршени од вооружените сили на Украина, но бевме погодени од зад грб од висок командант. Предавнички и подло ја обезглави војската во најтешкиот момент – рече генерал-мајор Попов, без да прецизира на кого точно мисли кога вели „висок командант“.

Случајот Попов може да се претвори во некаков нов воен скандал и дефинитивно би бил значаен удар за руското воено раководство и нешто што би ја дестабилизирало Русија.

Попов се огласи со снимена аудио порака во која им се обрати на припадниците на 58-та армија со која командуваше додека не беше сменет од таа функција, а времето ќе покаже дали во јавноста ќе дојдат повеќе информации за овој конфликт меѓу командата на Руската армија на фронтот или дали прашањето ќе се реши внатрешно.

Share This Article