Рускиот амбасадор во Лондон испрати силна порака

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амбасадорот на Москва во Лондон денеска изјави дека Британија „сега директно е вклучена“ во руската војна со Украина, по извештаите дека Киев првпат истрелал британски проектили „Сторм шедоу“ врз руска територија.

– Апсолутно, Британија… сега е директно вклучена во оваа војна –  изјави Андреј Келин за Скај њуз, додавајќи дека „ова пукање не може да се случи“ без поддршка на Лондон и НАТО.

Во интервјуто, Келин беше запрашан дали руската употреба на кинеска технологија, ирански беспилотни летала и ракети и наводното распоредување на севернокорејски војници значат дека и тие земји биле директно вклучени во војната.

– На таа тема, можам лесно да кажам дека имаме многу платеници од различни земји кои во моментов се борат на страната на Украина – одговори рускиот амбасадор.

Британските медиуми во средата објавија дека Украина истрелала проектили „Сторм шедоу“ врз Русија за првпат оваа недела, откако Лондон и дал зелено светло за такви напади. Владата на Велика Британија одби да ги потврди или негира извештаите.

Share This Article