Во вторникот, рускиот суд ја казни Фондацијата Викимедија, сопственик на онлајн енциклопедијата Википедија, со два милиони рубљи за текстови поврзани со војната во Украина, потврди за Ројтерс шефот на рускиот оддел на фондацијата.
Станислав Козловски рече дека казната е изречена бидејќи не се избришани текстовите кои Русија барала да се отстранат. Фондацијата ќе се жали на оваа одлука, потврди Козловски.
„Сè уште имаме прилично силна правна процедурална позиција, така што имаме причина да веруваме дека ќе можеме да ја поништиме и оваа казна и оние изречените претходно во април“, рече Козловски, мислејќи на претходните казни во вкупна вредност од пет милиони рубли.
Двата написи на руски се насловени „Ненасилен отпор на цивилното население на Украина за време на руската инвазија“ и „Проценка на руската инвазија на Украина во 2022 година“.
Козловски рече дека постои ризик да се зголеми бројот на случаи против Фондацијата Викимедија.
На Википедија има многу написи за руската инвазија на Украина и само три судски случаи досега, додаде тој.
Русија ја опишува својата војна во Украина како „специјална воена операција“.